-->
-->
СДСМ: Мицкоски нема компас, стана заложник на Апасиев и анти-ЕУ политичар
-->
Христијан Мицкоски нема компас, само декларативно се залага за европската иднина на државата, а од друга страна го кочи и попречува европскиот пат.
ВМРО-ДПМНЕ досега не поддржа ниту една одлука за зачленување на државата во ЕУ.
Три години, Мицкоски зборува единствено за ново парламентарно мнозинство и предвремени избори, не го интересираат стратешките интереси на држава, ниту интересите на граѓаните.
Целото негово делување е да предизвика криза и да издејствува избори, правеше насилни протести, го блокира собранието, го лажеше народот и своето членство дека има ново мнозинство и дека оваа пролет ќе го распушти парламентот.
Се што кажа излажа. Наместо предвремени избори има ново и зголемено мнозинство на СДСМ и коалицијата во Собранието.
Без идеја, предлог и решение, Мицкоски стана анти ЕУ-политичар, заложник на Левица и Димитар Апасиев, со кого се натпреваруваат во блокади и кочење на државата.
Со СДСМ, државата стана фактор на стабилност во регионот, членка на НАТО, претседавач со ОБСЕ, со започнати преговори за членство во ЕУ.
СДСМ нема да се откаже од европската иднина, силно и одлучно продолжува по европскиот пат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Под истрага 18 членови на „Беланоца – Барон“
-
Претседателката Сиљановска Давкова го прими специјалниот пратеник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Стјуарт Пич
-
ДСЗИ со вонреден инспекциски надзор за починатото седуммесечно бебе
-
Тошковски: Кривична пријава за поранешниот премиер и вицепремиер
-
Седуммечесно бебе почина на Детската клиника
-
Финансиски соработник во СОЗР осомничен за злоупотреба на службената положба, 23 други лица осомничени за прикривање
-
Сијарто: На Украина и треба примирје, а не дополнително вооружување
-
Совети за поцврста врска