СДСМ: Мицкоски нанесува штета на националните интереси
Христијан Мицкоски пласира тешки лаги во јавноста и ги поткопува нашите државни позиции секогаш кога државата се наоѓа во период кој е од важност за нашата европска интеграција, за нашата иднина.
Така беше и кон крајот на минатата година така е и денес.
Наместо да застане на страната на граѓаните, на страната на државните интереси, Мицкоски пласира груби лаги, манипулативни конструкции, шпекулации, си поигрува со чувствата на граѓаните, правејќи штета на процесите.
Во име на Мицкоски, Антонио Милошоски, докажаниот извор на лажни вести, осуден во Германија, против кого се водат предмети пред македонските судови, вчера пласираше невистини и тоа е доволен доказ за нивните нечесни намери.
Вистината е сосема различна. Изјавите на Милошоски кажани преку Мицкоски се апсолутно неточни.
За македонскиот јазик и идентитет ниту се разговарало, ниту ќе се разговара.
Само преку дијалог може да се дојде до решение. Неоспорлив факт е дека македонскиот јазик и идентитет не биле и никогаш нема да дозволиме да бидат на маса за преговори.
Нашиот став е јасен, разбран и поддржан од граѓаните, како и од пошироката меѓународна заедница.
Само Мицкоски се однесува деструктивно, само Мицкоски не дава поддршка.
Мицкоски се лаже ако мисли дека со рушење на државните позиции и минирање на дипломатските процеси ќе добие политички поени. Граѓаните не сакаат да се вратат назад во изолација, граѓаните сакаат напред.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО