СДСМ: Мицкоски е предавник на највисоките национални интереси
Со денешното однесување, Мицкоски покажа дека не успева и не сака да го препознае моментот. Наместо иднина во ЕУ и НАТО, Мицкоски избра да остане во темното минато, на страната на криминалот, изолацијата, темнината. Тој сака и граѓаните да останат во темнина.
Денеска, по лидерската средба се стана јасно. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ лажеа дека им бил важен изборот на ДИК со двотретинско мнозинство. Лажеа дека сакаат во ЕУ и НАТО, лажеа дека сакаат правна држава и референдум на кој граѓаните ќе одлучат.
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски имаа една и единствена цел – амнестија на криминалот по секоја цена. Дури и по цена да нема референдум, доколку нема амнестија.
ВМРО-ДПМНЕ партијата што една децеција заговараше рефернедум, денеска избега од таквата обврска. Мицкоски вели дека сака во ЕУ и НАТО, а не поддржува ниту еден чекор кон таа цел.
Повторувам, Мицкоски е противник на НАТО и ЕУ и со тоа покажува дека е предавник на националните интереси на Република Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ја испуштија шансата да застанат зад македонските национални интереси. Отсега па натаму историјата ќе им суди на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Како парламентарно мнозинство имаме обврска да ја обезбедиме иднината на нашата држава и тоа ќе го направиме. ВМРО - ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја закочат македонската иднина. Ќе победи волјата на граѓаните! Македонија ќе усппее.
СДСМ со сите сили и со сите политички партии кои се на страната на НАТО и ЕУ ќе овозможи да победи волјата на граѓаните.
Ново на Сител
-
Приведен кумановец кој возел со 2.34 промили алкохол во крвта
-
Таткото на Вања денеска ќе сведочи во Кривичен
-
Трамп е согласен со испраќање американски затвореници во Ел Салвадор
-
Вучевиќ за новиот мандатар на Србија: Мацут треба да донесе нова енергија
-
На Попова Шапка утрово -12 степени, во Крушево 24 сантиметри снег
-
Влада: Значително зголемени платите на вработените во здравството
-
Нетанјаху и Трамп во Белата куќа ќе разговараат за американските царини, Хамас, Иран...
-
Цената на биткоинот нагло падна