СДСМ: Македонија е 30-та членка на НАТО, прв предизвик ни е справувањето со кризата од коронавирусот
Во период во кој светот е соочен со голема здравствена криза, нашата држава и официјално стана 30- та членка на НАТО Алијансата. По ратификацијата на Протоколот од страна на сите останати, 29 држави- сојузнички, и на крајот, по потпишување на Указот за ратификација на Протоколот од страна на македонскиот претседател Стево Пендаровски, Република Македонија се построи во најсилниот воено- политички сојуз.
Официјалната покана за нашата држава да се приклучи кон Северно- Атланскиот договор ја испрати генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг преку писмо испратено до македонската Влада.
Столтенберг изрази задоволство во свое, но и во име на сите други членки на НАТО во однос на пристапувањето на Македонија во Алијансата. Таканаречениот Пристапен инструмент се депонира во Владата на Соединетите Американски држави со што нашата држава го добива полноправното членство како 30-та членка во НАТО.
Со ова, Македонија станува сојузник и соработник со најсилните држави во светот. Пристапувањето во НАТО го обезбедува територијалниот интегритет и суверенитет на државата, а тоа значи сигурни и безбедни граници и мир во државата.
Но, НАТО не е само воено – политички сојуз, тоа е и економски двигател на државите во прогрес, како Македонија. За многу брзо време, по надминувањето на светската здравствена криза со корона вирусот, на нашата земја ќе и се отвори пазар вреден четири милијарди евра годишно, но и перспективата со странски инвестиции.
Токму членството во НАТО и отворањето на економските можности за Македонија надвор од границите, ќе преставува олеснување во анулирањето на економските последици кои ќе бидат резултат на пандемијата со вурусот.
Владата и македонските граѓани немаат прилика деновиве да го прослават остварувањето на три деценискиот сон и и приклучувањето во сојузот на најсилните држави, но ќе имаме време за славење. Сега сме исправени пред друг предизвик, сега капацитетите на државата се насочени кон здравјето и животот на граѓаните за заеднички да се справиме со сите опасности од вирусот и да ги намалиме економските штети.
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп