СДСМ: Како опозиција ВМРО-ДПМНЕ прави се за да го поткопа здравствениот систем и да им отежне на здравствените работници
На ВМРО-ДПМНЕ воопшто не му е важно ниту за граѓаните, ниту за нивното здравје, ниту за здравствените работници и здравствениот систем.
Како власт оваа партија цела деценија ги потценуваше и манипулираше здравствените работнции, сериозно ги погазуваше правата на пациетнтите и правата на жените со носењето на рестриктивниот закон за прекин на бременоста.
Како опозиција ВМРО-ДПМНЕ прави се за да го поткопа здравствениот систем и да им отежне здравствените работници.
ВМРО-ДПМНЕ и губитникот Мицкоски уште од самиот почеток на пандемијата ширеа лажни вести дека државата немала доволно тестови, дека немало доволно заштитна опрема за медицинскиот кадар.
Први ги кршеа мерките за заштита против коронавирусот, организираа јавни собири, одеа и гледаме дека уште одат во ресторани кои не смеат да работат, а организираа и морбидни перформанси на кои се потсмеваа со починатите и заболени од коронавирусот.
Истото тоа ВМРО-ДПМНЕ кое денеска организира протести и глуми загриженост за лекарите и пациентите, со 2.000 амандмани ја кочи изградбата на нов Клинички центар кој ќе пружа интегрирани здравствени услуги. Толку од „грижата“ на ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните го гледаат и ценат ваквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа шест пати ги казнуваат на избори и затоа ќе продолжат да ги казнуваат, затоа што знаат дека за ВМРО-ДПМНЕ важни се сами личните и партиски интереси, а не интересите на граѓаните и државата.
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
