СДСМ: Иванов неодговорно го завршува мандатот
Ѓорге Иванов го завршува мандатот како што го почна: неодговорно, со недомаќинско работење спротивно на интересите на граѓаните и државата.
На самиот крај на мандатот од функцијата што недостојно ја извршува, Иванов според одредени процени, ќе потроши најмалку 20.000 евра, пари на граѓаните за сопствена промоција.
Иванов нарачува над 700 сувенири со своето име. Пенкала, чадори, бисерни обетки, вински сетови, филигрански накит, марами и вратоврски се само дел од предметите што Иванов ги нарачал.
Ваквото трошење народни пари за сопствен маркетинг не е однесување на одговорен претседетал на држава кој ги застапува интересите на сите граѓани. Ваквото неодговорно и расипничко однесување на Иванов повеќе наликува на однесувањето на водачи на авторитарни режими. Дали можеби и биста планира да си нарача Иванов пред да му истече мандатот?
Добро е единствено тоа што Иванов има уште многу малку од својот втор мандат. Граѓаните нема да дозволат нов Иванов ниту нов Груевски.
Граѓаните ќе одберат вистински претседател, претседател кој заедно со демократските и прогресивни сили ќе ја поведе државата кон полноправно членство во НАТО и интеграција во ЕУ. Република Северна Македонија ќе добие претседател на сите граѓани, а не неодговорен партиски послушник како што беше Иванов.
Ново на Сител
-
Се шири блокадата на факултетите во Белград
-
Леброн: Имаме проблеми во нападот
-
Загина градежен работник во Гевгелија
-
УЕФА ја казни Легија поради однесувањето на навивачите на мечот со Динамо Минск
-
Традиционална донаторска акција во Веро: Заокружи сметка за весели празници на децата од СОС Детско село
-
Елтон Џон со сѐ послаб вид, не можел да ја проследи претставата „Ѓаволот носи Прада“
-
На готвач му украле комбе со 2.500 пити, тој повика да ги даруваат на гладни и изнемоштени лица
-
Манчестер јунајтед заинтересиран за Јилдиз