СДСМ инвестира во човечкиот капитал, здравствениот персонал и условите во болниците, од февруари ново зголемување на платите во здравството
Со политиките на СДСМ, 2019 година беше година на огромни успеси во здравството, година на раст на плати, обезбедување на нова опрема во болниците и подобри услови во јавните здравствени установи.
Од месец февруари здравствените работници ќе добијат повторно зголемени плати, а со новите зголемувања ќе достигнеме историски рекордно високи примања на здравствените работници благодарение токму на СДСМ.
Заедно со сите зголемувања досега, вклучително и зголемувањата во месец февруари 2020 година, преку грижата и реформите на СДСМ, основната плата на лекарот специјалист ја зголемивме за 40%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23% на медицинските сестри на клиниките, додека на општите лекари за 25%, а на здравствени соработници за 15%.
Како одговорна политичка партија, СДСМ го мотивира медицинскиот персонал да биде среќен и исполнет во својата професија, поради тоа што само задоволни лекари и медицински сестри може да значат задоволни пациенти.
Се зајакнува здравствениот систем во нашата држава преку вистински здравствени политики.
Ново на Сител
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?