СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги повлекоа приговорите поднесени до ДИК
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги повлекоа своите приговори кои беа испратени до ДИК за изборниот резултат на гласачките места. Сепак во општините каде имаше најтесна разлика во бројот на гласови дефинитивно нема да се прегласува.
СДСМ има поднесено 7 а ВМРО-ДПМНЕ еден приговор.
Најтесна победа беше издвоена во општина Кочани каде беше избран градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ со само 16 гласа повеќе и за оваа општина пристигнати се 3 приговори од СДСМ. Од останатите поднесени приговори од СДСМ , 1 се однесува за гласачко место во О.Конче каде ја изгубија градоначалничката позиција со 23 гласа помалку од противкандидатот. 3 од приговорите поднесени од СДСМ се однесуваат на избирачки места во Шуто Оризари и Чешиново Облешево.
Само 1 приговор е поднесен од ВМРО ДПМНЕ за гласачко место во Пробиштип.
Од првичните 23 најверојатно ДИК утре ќе одлучува за останатите 16 поднесени приговори од ДУИ.
ДУИ приговара за О. Студеничани за резултатите од 3 гласачки места. Тие ги загубија изборите со 59 гласа помалку од оние на противникот од ДПА кој победи на изборите. ДУИ реагира со 2 приговори и за избирачки места во Желино каде разликата е тесна и изнесува 69 гласови разлика и победа за кандидатот од БЕСА.
Мирјана Давидовска
Ново на Сител
-
Анкета на српските студенти во блокада: Поддршката за СНС под 40 проценти
-
САД може да бараат гаранции до 15.000 долари за некои туристички и деловни визи според новата пилот-програма
-
Вардар ја одреди цената на влезниците за дербито со Пелистер
-
Најчестите знаци на анксиозност кај децата
-
Земјоделските култури под топлотен стрес, се очекува врнежите да ја подобрат состојбата
-
Невреме во Скопје проследенo со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-
Земјотрес на подрачјето Тетово - Гостивар со интензитет од три степени
-
Поради голема бучава одзедемени „Ламборџини“, „Ауди“ и „БМВ“