СДСМ: Граѓаните ги препознаа вредностите
Нарачаните анкети од фантомски партиски институти нема да им помогнат на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да го избегнат извесниот пораз на претстојните локални избори. Никој повеќе не верува во анкетите на фантомскиот институт „Павел Шатев“ кој е затворен пред неколку месеци. Граѓаните одамна ги препознаа новите политики и вредности на Владата предводена од СДСМ и ги чувствуваат придобивките од спроведените мерки што носат квалитетен живот, отворени институции и повеќе пари во семејните буџети. Јавноста повеќе не верува во нарачни и наместени анкети од партиски институти што служат единствено за да му го чуваат стравот на Груевски од претстојниот пораз на изборите, на кои мнозинството ќе ја поддржи чесната понуда на кандидати на СДСМ и ќе стави крај на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво, соопшти СДСМ.
Ново на Сител
-
Мицкоски во Брисел
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вице премиер за евроинтеграции
-
Бишев: Или подоцна во пензија или повисоки даноци
-
Родители бојкотираат настава во основното училиште “11 октомври”
-
Упатство за поефикасна работа
-
Министерство за правда: Оставката на Дамева е добар пример
-
ДУИ поднесе 4 интерпелации
-
Шефовите на дипломатиите на членките на НАТО се среќаваат во Брисел