СДСМ: Едвај 13 возила со 14 луѓе на денешните „протести“ на ВМРО-ДПМНЕ
Протестите на очајното и безидејно ВМРО-ДПМНЕ доживеаја дебакл ширум земјава. Едвај 13 возила со 14 луѓе, тоа е просекот на денешните „протести“.
Граѓаните со ова испратија силна порака до Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, народот е против блокади!
Наместо во чувствителни моменти за државата да и помогнат, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одмагаат и саботираат.
Опозицијата нема чувство за националните интереси и се обидува да ги саботира напорите да добиеме Меѓувладина конференција и премостување на блокадата во ЕУ.
И во Собранието и надвор од него, ВМРО-ДПМНЕ блокираат закони и процеси важни за иднината на државата и граѓаните.
Се што е во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ го кочи, опструира и блокира.
Затоа денеска добија силна порака од граѓаните дека не прифаќаат блокади, кочења и уназадувања!
Граѓаните се за напредок, просперитет и развој.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Од септември во образовниот процес ќе бидат вклучени и децата со онколошки заболувања
-
Во тек е постапката за убиството со стаклено шише во Психијатриската болница во Бардовци
-
Буково го труе Охрид и во лето
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР