-->
-->
СДСМ: Двојно ја зголемивме минималната плата, следува раст на пензиите
-->
СДСМ во изминатиот период, во неколку наврати ја покачуваше минималната плата и ја донесе на историски највисока вредност.
Со последното зголемување на 18.000 денари, минималната плата е двојно зголемена од 8.800 денари, колку што изнесуваше пред 4,5 години.
Започнувајќи од мартовската плата, 80.000 работници ќе добиваат зголемени месечни примања за околу 45 евра.
Воспоставена е методологија, која обезбедува континуиран раст на минималната плата, која никогаш повеќе нема да биде пониска од 57 отсто од просечната плата.
Покрај растот на минималната плата, ќе следува раст на пензиите. Фондот за пензиско осигурување е стабилен и се подготвува нова методологија која ќе обезбеди одржливо зголемување на пензиите на сите 330.000 пензионери во државата, но и воведување на пакети за помош за справување со последиците од економската и енергетска криза.
СДСМ во изминатите години покажа дека е можно платите и пензиите да растат, а при тоа да не се крати од капиталните инвестиции, затоа што парите наместо на споменици ги насочуваме кон конкретните потреби на граѓаните.
Заштитата и унапредувањето на животниот стандард на граѓаните е врвен приоритет за СДСМ, за Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи.
.Центар за комуникации со јавноста
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Mицкоски: Протестите во Кочани преминаа во политичко движење
-
Мицкоски: Извештајот ќе биде усвоен
-
Тема на денот со Ана Марјановиќ, онколошки пациент, дел од Хема-Онко
-
Утре е изборот на Алиу за министер за здравство
-
Бугарија бара смена на известувачот за Македонија Томас Вајц
-
СДСМ: Набавен сомнителен софтвер за прислушување
-
Владата го демантира СДСМ: Нема набавка на нов софтвер
-
Одморалиштето „Пониква” станува центар за рехабилитација на повредените од пожарот во Кочани