СДСМ: ДПМНЕ е најкриминалната партија, испрала милиони евра преку Скопје 2014
ДПМНЕ е најкриминалната партија, испрала милиони евра преку Скопје 2014, го злуопотрбила и Гоце Делчев
Нема поголемо лицемерие од тоа ДПМНЕ да одржува трибини среде Белиот дворец - криминално стекнат имот што е докажано и со судска пресуда.
Нема поголемо лицемерие од тоа за владеење на право и борба против корупција да зборува најкриминалната партија во Европа.
На грбот на македонскиот народ, но и на македонските великани како Гоце Делчев, Никола Карев, Цар Самоил, Гемиџиите, ДПМНЕ и луѓе од врвот на партијата преку проектот Скопје 2014, переле пари и се богателе.
Милионски се штетите од криминалното владеење на ДПМНЕ и затоа оваа партија нема ниту грам легитимитет да зборува за борба против корупцијата.
Денешната трибина беше добра можност да се побара оставка од Христијан Мицкоски кој е опкружен со лица против кои се водат судски процеси, но очигледно дека ДПМНЕ останува партија која е осамена на браникот на криминалот.
Ново на Сител
-
Митинзи на СДСМ во Берово и во Делчево
-
Митинзи на ВМРО ДПМНЕ во Радовиш и во Струмица
-
20 години Меморијален центар на Холокаустот во Македонијa
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, експерт за комуникации
-
Концепт - Нула сообраќајни несреќи во Скопје ветува Ѓорѓевски
-
Филипче обвинува: Владата работи исклучиво за олигархијата
-
Активности на кандидатите за градоначалник на Чаир
-
Предизборни ветувања на кандидатите за градоначалник на Скопје