СДСМ: Дополнителни 1.100 стечајци ќе добиваат месечен надомест од над 9.200 денари
Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ во континуитет покажува што значи вистинска грижа за граѓаните.
Помош и поддршка за ранливите категории останува наш врвен приоритет од кој не отстапуваме.
За таа цел, парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ги усвои измените и дополнувањата на Законот за стечајци.
Дополнителни 1.100 стечајни работници ќе добиваат месечен надомест од 9.242 денари месечно, до пензионирање или вработување со овие измени.
Досега, го решивме статусот на околу 13.000 стечајни работници кои не по своја вина останале без работа и без регулиран статус.
Како одговорна социјалдемократска партија продолжуваме да решаваме долгогодишни проблеми кои водат до унапредување на животниот стандард на граѓаните.
СДСМ- Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Предвремени избори нема да има, ДУИ да не ги лаже гласачите
-
Прво човек па градоначалник
-
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ лажеше за воздухот
-
Голем пожар избувна попладнево над скопското село Батинци
-
Силјановска: Потребни реформи во ООН
-
До ФЗО се пристигнати пет претставки за сомнителни кардиолошки интервенции од пациенти
-
Синдикалната кошница намалена за над 400 денари, ССМ по подолг период бележи намалени трошоци за живот