СДСМ: Додека Мицкоски тера политиканство, Владата донесе мерки за сите
Додека Христијан Мицкоски тера политиканство, Владата се бори против коронавирусот и донесе вистински мерки за сите!
Мерки вредни 200 милиони евра кои значат грижа за секој работник, за секој човек, за секое семејство, кои значат зачувување на работните места и гарантиран приход кај секој работник. Така постапуваат одговорни политичари.
Неодговорните како Мицкоски седат од страна и напаѓаат без аргументи, напразно, само политикански. Да сакаше да помогне Мицкоски ќе се откажеше од парите кои ги добива од граѓаните.
Мицкоски прво да каже како ќе ги врати милионските долгови што ВРМО-ДПМНЕ ги има, и што ќе прави со стечајот во неговата партија па после нека кажува мерки, ако ги има.
Нема да дозволиме татковината да падне во стечај како што посакува Мицкоски. Заедно со граѓаните ќе се справиме со коронависрусот и со економските последици.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против четири лица и фирма за загрозување на животната средина со отпад во Трубарево
-
На жена од кочанско и зел 4000 евра ветувајќи и пензија, па ја прекинал комуникацијата со неа
-
Активни три пожари - кај Винче, на Кожуф и на патот Богданци - Гевгелија
-
ПМФЛ: Победи за Вардар и Работнички
-
Трамп: Путин ме разочара, навистина ме разочара
-
Жител на Чашка измамен за 14 илјади евра, му рекле дека ќерка му имала сообраќајка и треба да се оперира
-
Делови од Карпош и Центар утре без вода
-
Премиера на филмот DJ Ахмет на последниот ден од фестивалот Браќа Манаки