СДСМ: Честитки до граѓаните и македонскиот народ за враќањето на МПЦ-ОА во канонско единство
Вчерашниот ден беше важен, историски ден за македонскиот православен народ.
Охридската Архиепископија сослужуваше заедно со Вселенската патријаршија и со тоа се исправи една голема историска неправда, а со литургијата која се служеше на македонски јазик е уште една потврда за нашата македонска посебност и македонскиот идентитет.
Охридската архиепископија секогаш била рамо до рамо со Вселенската патријаршија и православниот свет и важно е ова сослужување и примањето во канонско единство на македонската црква да биде крунисано и со издавање на томос од страна на Вселенската патријаршија.
Им честитаме на граѓаните и македонскиот народ за враќањето на МПЦ-ОА во канонско единство, сите сме горди на овие успеси.
Упатуваме и благодарност до Вселенската патријаршија која му одаде чест на премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, на литургијата да го прочита Симболот на верата во име на неговиот, македонски народ.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-

Меѓународна конференција на Паневропската унија во Македонија
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

Гинеколози - ХПВ вакцинацијата спречува појава на повеќе видови на рак
-

Сиљановска-Давкова: Добро е што ќе има нов закон за помилување бидејќи стариот не личи на закон
-

Преглед на вестите од светот
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Под истрага шест лица за транспортот и логистиката на марихуаната од Македонија во Србија
