СДСМ: Цената на струјата не се зголемува, се враќа дневната евтина тарифа од декември
Енергетските мерки и политики на СДСМ, создаваат услови цената на електричната енергија да не се зголемува.
Граѓаните можат да бидат спокојни во однос на снадбувањето со електричната енергија и за цената на струјата.
Од 1 декември се враќа и дневната евина тарифна на електричната енергија за домаќинствата.
Институциите предводени од СДСМ во изминатата грејна сезона, во услови на криза и неизвесност, покажаа капацитет и покрај црните сценарија на опозицијата немаше рестрикции, ниту скок на цената на струјата.
Значително се зголемува домашното производство на електрична енергија, со сериозни инвестиции во обновливи извори, кои со енергија од македонското сонце, ветер и вода, ја заштитуваат животната средина и ги намалуваат сметките на граѓаните.
Покрај новоотворената фотоволтаична централа во Новаци, има уште неколку огромни инвестиции, како агроволтаичниот парк Стипион, изградбата на хидроцентралата Чебрен, во вредност од над милијарда евра, ветерниот парк Вирови.
Инвестициите во производство на електрична енергија од обновливи извори, се доказ дека државата ја реализира енергетската транзиција, да ја оствари својата цел, а тоа е да биде предводник во зелената енергија во регионот и во Европа.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-
СДСМ: Вистината за „Онкологија“ излезе на виделина
-
Наставник во средно училиште во Чаир нападнат од свој поранешен ученик
-
Тетовчанец, управител на приватна фирма, измамен за сума од 145.360 долари
-
Потешкотии во мобилната телефонија на А1
-
Едно лице почина откако со товарно возило излетало од патот и се забило во заштитна ограда
-
27-годишен кавадарчанец физички ја нападнал својата баба
-
Откриен идентитетот на двете жртви од вчерашната сообраќајна несреќа
-
Претрес во Битола, пронајдена марихуана