СДСМ: Борбата против коронавирусот продолжува, започнува теренската вакцинација
ВМРО-ДПМНЕ одеднаш се сети дека сме во пандемија и почна да се грижи за здравјето на граѓаните и за менаџирањето на коронакризата во државата.
За потсетување на ВМРО-ДПМНЕ коронакризата во држвата трае околу година и половина и во целиот тој период додека тие деструктивно се однесуваа, не повикаа ниту еднаш на масовна вакцинација ниту помогонаа на ниеден начин во кризата, туку одмагаа, Владата предводена од СДСМ успешно се справува со сите предизвици.
Состојбата со коронавирусот во државата во текот на целата пандемија будно се следи од страна на надлежните здравствени власти, кои до владата и до министерот за здравство даваат препораки. Ова резултира со многу мал број на новодијагностицирани случаи на ковид, во изматиот период.
Вакцини има доволно, а процесот на масовна вакцинација против коронавирусот во државава се одвива непречено. Од утре таа ќе се одвива и без закажан термин, утре започнува и теренска вакцинација, а дозволена е и вакцинацирање на деца од 12 до 16 години.
Според последните инфромации во државата вкупно се аплицирани 662 372 дози вакцини, а ревакцинирани се 245 231 граѓани.
Барем една доза вакцина имаат примено 54 проценти од населението над 70 години, 52 проценти над 65 години, 47 проценти над 60 години, како и 39 проценти од населението над 50 години.
Вакцинирањето што поголем број на граѓани ќе овозможи заштита од ширење на епидемијата. Спуштањето на рамката на години за лицата кои се вакцинираат, ќе ја намали веројатноста и младите да го шират вирусот.
Состојбата со коронакризата е под контрола, епидемиолошката состојба е мирна, ВМРО-ДПМНЕ може спокојно да продолжи со својот зимски сон.
Ново на Сител
-
Од понеделник на над 6 илјади службени возила ќе им се ставаат црвени регистрации
-
Тема на денот со аналитичарот Милан Стефаноски
-
Судење за екс директорот на затворот во Шутка, Филип Андов
-
Му пишале казна бидејќи фрлил ѓубре до контејнер, а контејнерот бил преполн со смет
-
Влада: Успешно завршени три од осум арбитражни постапки
-
Синдикалната кошница во август 65.500 денари, најмногу поскапела храната
-
Влада: ДУИ кога е на власт работи на еден начин, а во опозиција бара нешто друго за она што го направиле во минатото
-
Само 1.916 пријавени службени возила од 6.500 - институциите не ги пријавиле сите во рокот