СДСМ бара оставка од градоначалникот Трајановски поради поплавите
Советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје денеска побара оставка од скопскиот градоначалник Коце Трајановски бидејќи, според нив, тој е одговорен за последиците од невремето што на 6 август го зафати скопскиот регион.
Координаторот на Советничката група на СДСМ и коалициските партнери во Советот на Град Скопје и потпретседател на СДСМ, Дамјан Манчевски денеска обвини дека жртвите од невремето се последица на непреземањето соодветни мерки за заштита од поплави и на недостатокот од инвестиции во патната инфраструктура.
- Жртвите од 6 август се директна последица на непревземање мерки за заштита пред поплавите и недостаток на инвестициии во инфраструктура, целосно погрешното дејствување за време на поплавата и тоталната неспособност за справување со последиците по поплавата, рече Манчевски.
Според СДСМ, градоначалникот Трајановски ништо не презел за да го заштити градот од елементарни непогоди, иако постоел план за заштита и спасување во кој Скопје било означено како место со висок ризик на загрозеност од поплави. СДСМ обвини и дека Трајановски знаел за опасноста од невреме бидејќи за тоа информирале метео - порталите, како и дека е потребна брза евакуација на населението и затворање на обиколницата, но оти ништо не е преземено.
СДСМ побара соодветна парична помош за поплавените семејства и парите од Панорамското тркало во вредност од 90 илјади денари да се пренаменат за итна помош на настраданите
Ново на Сител
-
Приведен 47-годишник, при претрес пронајдени стебла канабис | ФОТО
-
Почина холивудската икона Роберт Редфорд
-
МЖСПП: Општините да ги идентификуваат сите диви депонии, да спроведат детални контроли
-
Мицкоски очекува позитивен исход од фудбалскиот натпревар Македонија-Белгија и пласман на Светско
-
Мицкоски: Итно да се преземат законски измени со кои подметнувањето пожари ќе се оквалификува како тероризам
-
Јаневска: Околу 1800 ученици од Трубарево непречено следат онлајн настава
-
Ова е убиецот на 31-годишната Росица Коцева и нејзиниот татко Киро Коцев во Велес | ФОТО
-
Денеска ќе биде објавен телефонскиот број на кој ќе се пријавуваат злоупотреби на службените возила