СДСМ бара оставка од Чулев обвинувајќи дека во Струга го довел здравјето на граѓаните во опасност
Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ е одговорен за загрозување на здравјето и безбедноста на граѓаните, за непостапување при настанот во Струга, за нападот врз новинар и чадната бомба во Скопје и токму затоа мора да поднесе оставка.
Вчерашниот ден беше еклатантен пример дека Наќе Отсјај нема капацитет, а ниту волја да работи во интерес на граѓаните.
Јавноста беше сведок на масовно прекршување на забраната за групни собири. Стотици граѓани без заштитна опрема, без соодветна дистанца масовно се движеа низ центарот на Струга, а полицијата беше пристутна на настанот и воопшто не реагираше.
Со оваа неодговорност Чулев стана соучесник во загорзувањето на здравјето на граѓаните.
Запрепастува апсолутната негрижа на Наќе Чулев за здравјето на граѓаните. Тој вчера на Денот на македонската полиција, спротивно на препораките, организираше јавен собир, без запазување на мерките за заштита и го загрози здравјето и на присутните и на полицајците.
Дополнително, на јавно објавени видеа јасно се гледаат соработници на Наќе Чулев кои се обидуваат да попречуваат новинари во вршење на својата работа и при тоа им се закануваат со физичка сила.
На крајот, освен закани, новинарите и медиумските работници, заедно со претставниици на дипломатскиот кор добија и чадна бомба во непосредна близина, со што беше загрозена и нивната безбедност и нивното здравје.
Очигледно на Наќе Отсјај поважно му е да снима скапи спотови, злоупотребувајќи ги ресурсите на полицијата, во кои демонстрира моќ и во кои нема место за граѓаните.
Наќе Чулев освен да го брани Христијан Мицкоски, не е способен за ништо друго и затоа мора да си поднесе оставка.
Ново на Сител
-
ЈП Лајка: Пронајдено младо куче затворено во напуштен автомобил без вода и храна
-
Фрлил кесичка кокаин, уапсен 35-годишник во Охрид
-
Расправија во Чаир заврши со пукање во воздух
-
Уапсени петмина во Драчево, се степале и оштетиле прозорци на куќа и автомобил
-
Поскапуваат горивата
-
Путин: Русија презема мерки за да му помогне на Иран
-
ИДФ: Нападнати шест ирански аеродроми, оштетени писти и авиони
-
Јапонскиот премиер го откажа учеството на самитот на НАТО