-->
-->
СДСМ: Арсовска покажува неспособност, крати средства за животна средина во време кога скопјани дишат загаден воздух
-->
Данела Арсовска, градоначалничка од ВМРО-ДПМНЕ, во изминатите 2 месеци не реализираше ниту еден еколошки проект, не презема ниту еден чекор, ниту една мерка за почист воздух во Скопје.
Наместо да ги зголеми Арсовска ги намали парите од градскиот буџет за ново зеленило, за паркови, дрвореди. Дури 33 проценти помалку пари за зелени садници предвидува Арсовска во Буџетот за 2022 година.
Нема пари за нови паркови, иако им ги ветуваше на скопјани за време на изборната кампања. Каде се новите паркови во Аеродром, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода и Чаир? Ги нема.
Дополнително, проектот за еколошкиот и ефикасен јавен превоз, БРТ, Арсовска го прекинува. Иако средства за него се обезбедени и проектот е во интерес на скопјани и почиста животна средина.
Крајно неодговорно е да се намалуваат парите за животна средина, да се намалуваат парите за зеленило, за паркови, за нови садници, да се укинува проектот за ефикасен и еколошки градски превоз.
Арсовска покажува голема неспособност и вака не може да обезбеди чист воздух и здрава животна средина во Скопје.
Центар за комуникации со јавноста
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Чучуљ: Ја поздравуваме секој иницијатива за борба против корупцијата, ќе постапуваме секаде каде има основ
-

МВР: Поведена прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме
-

ЦУК: Соработка со САД за унапредување на националната и колективната отпорност
-

Индија и Русија целат кон 100 милијарди долари билатерална трговија до 2030 година
-

Иницијативата на НАТО за оружје за Украина сега има 21 членка, инвестициите достигнаа 4,18 милијарди долари
-

Бундестагот го одобри пензискиот пакет и покрај внатрешните превирања во коалицијата
-

Донесени измените на законот за градење, приклучување на новите градби на парно греење онаму каде има можности
-

Најмногу дожд во Демир Капија и Маврови Анови
