СДСМ: Арсовска не работи ништо, само разрешува директори и прекинува проекти
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска веќе втор месец од мандатот не работи ништо, нема реализирано ниту еден проект во интерес на скопјани.
Но, затоа разрешува директори, поништува огласи за вработувања и прекинува проекти кои се во интерес на граѓаните и градот.
Скандалозен е прекинот на проектот за ефикасен и еколошки транспорт, познат како Бас Рапид Транзит, кој се споведуваше со поддршка од ЕБОР, вреден 70 милиони евра.
Целосно невистинити и контрадикторни се оправдувањата кои ги даваат Арсовска и Град Скопје дека на тој начин ќе се загрозела животната средина.
БРТ проектот е систем кој важи за еден од најеколошките начини на јавен превоз. Според проектот, освен што возилата возат на еколошки погон, за двете траси беше обезбедено двојно повеќе зеленило. Предвидени беа и дополнителни 200.000 евра за соодветно пресадување на дрвја каде што е потребно за да не се загрози ниту едно зеленило.
Неговата ефикасност ќе го намалеше обемот на сообраќај, што ќе резултираше со намалување на штетните гасови во воздухот.
Втората лага е дека со овој проект се загрозува системот за водоснабдување. Напротив, проектот предвидуваше целосна заштита на цевките за вода што минуваат под трасите на движење на БРТ, со соодветни механизми за заштита.
Наместо да се служи со невистинити оправдувања, Арсовска треба да ја преиспита одлуката, бидејќи укинувањето на проектот е на штета на граѓаните и на Градот.
Истовремено, со нејзината одлука се урива угледот на Скопје и државата пред меѓународните финансиски институции.
Ново на Сител
-
Find Your Beauty: dm ве поканува на најголемиот beauty настан досега
-
Бектеши останува во притвор, одлучи Апелациониот суд
-
ЕК: Прекинот на струја во Шпанија и Португалија не е кибер напад, но е лекција за потребата од подготвеност
-
Додека го апселе прилепчанец украл пиштол на полицаец
-
Исчезна 11-годишно дете од СОС Детско село
-
Викендот сончево и топло, следната седмица повремен дожд и појава на грмежи
-
Кос: Во поглед на евроинтеграцијата, Северна Македонија е тажна приказна на Балканот
-
Турција подготвена да прими до 15 пациенти од трагедијата во Кочани за долготрајна рехабилитација