-->
-->
СДСМ: 27-ми април е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ во која нема никаква промена
-->
27 април е најцрниот датум во историјата на македонската демократија.
Вооружени насилници, поттикнати од ВМРО-ДПМНЕ извршија упад во Собранието, обидувајќи се да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во собраниските служби, да го урнат уставниот поредок и државата да ја втурнат во провалија.
Тие насилници беа поддржани со присуство пред Собранието и лично од страна на Христијан Мицкоски.
27 април е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, партија во која и после 5 години нема никаква промена.
Мицкоски не е поместен ниту милиметар од режимската насилничка матрица на неговиот шеф и ментор Груевски.
Пет години од 27 април, од денот кога Собранието беше претворено во крваво поле за одбрана на криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски, Мицкоски и неговата партија се уште стојат зад овие насилници.
Едно е факт, насилниците никогаш нема да бидат уставобранители.
Центар за комуникации со јавноста
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најстудено во скопско Петровец, најмногу снег на Попова Шапка
-

Лидерска средба за реформските закони и за укинување на техничката влада, не доаѓа само Филипче
-

Со палење на маските и василичарско оро завршува Вевчанскиот карневал
-

Најмалку 22 луѓе загинаа откако кран падна врз воз на Тајланд
-

Презентација на Националната стратегија за мали и средни претпријатија 2025-2030
-

Зеленски: Тешка ситуацијата во Украина
-

Трамп: САД ќе реагираат решително ако Иран започне егзекуции
-

Без вода објектите на МНТ, Министерството за транспорт и Управата за матични книги
