СДММ поднесува измени во Законот за субвенциониран студентски оброк
Водејќи се од интересот на студентите, Социјалдемократската младина на Македонија поднесe Иницијатива за измена на Законот за субвенциониран студентски оброк, до Собранието на Република Македонија.
Со пандемијата предизвикана од КОВИД-19 и рестриктивните мерки кои се во сила, студентите не се во можност да посетуваат угостителски објекти каде би го оствариле правото на здрав субвенциониран оброк. Исто така најголем број од студентите наставата ја следат онлајн, од своето место на живеење каде што бројот на угостителски објекти кој нуди студентски оброк е ограничен или воопшто не постои објект кој би можел да понуди студентски оброк во согласност со иницијално замислената идеја на Законот.
Затоа, со овие Законски измени, нема да се ограничува користењето на правото на субвенциониран оброк само кај угостителски објекти, туку ќе се овозможи корисниците на субвенционирниот оброк да можат да го остварат правото секаде, кај секој трговец. Со тоа ќе се даде поголем избор на продукти на студентите, но и ќе се зголеми искористеноста на средствата со што ќе се амортизираат и последиците од кризата со која се соочуваме.
Министерството директно ќе врши исплата на средствата за користење на правото на субвенциониран студентски оброк на трансакциската сметка која корисникот ја има пријавено, исплатата ќе се врши првиот работен ден во месецот во износ еднаков на бројот на субвенционирани оброци, на кои студентот има право месечно, а износот на еден субвенциониран оброк е 120 денари.
Измените на законот ќе го олеснат секојдневието на студентите кои се погодени од кризата, ќе ја зголемат нивната финансиска сигурност и ќе се овозможи секој студент да го оствари своето право на здрав и квалитетен оброк, што е и целта на носењето на овој Закон.
Очекуваме овие измени да бидат усвоени затоа што се во интерес на сите студенти.
СДММ останува посветена на мерките и политиките што го унапредуваат квалитетот на живот на младите, продолжуваме да работиме заедно со нашите врсници за тие да останат тука, во нашата татковина.
Прес-конференција на Никола Јакимовски, потпретседател на СДММ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје од Левица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се повеќе деца повредени со електрични тротинети
-
Заврши рехабилитацијата на повредените од „Пулс“ на Пониква
-
Жителите на Ново Село повеќе нема да патуваат и по 40 км за дежурен лекар
-
За младите да се задржат во општините мора активно да учествуваат во креирањето на локалните политики
-
Мицкоски најавува реконструкција на владата после локалните избори
-
СДСМ: Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ - четири години разочарувања