-->
-->
СБ на ОН ќе расправа по тврдењата на Москва дека САД разработуваат биолошко оружје во Украина
-->
Советот за безбедност на ОН ќе се состане денеска на барање на Русија, на расправа по однос тврдењата на Москва дека САД финансираат разработка на биолошко оружје во капацитети во Украина.
„Руската мисија побара состанок на Советот за безбедност на 11 март за да се разговара за воените биолошки активности на САД во Украина“, објави на „твитер“ Дмитриј Полјански, првиот заменик постојан претставник на Русија во ОН.
САД во средата ги негираа повторените руски обвинувања дека Вашингтон има лаборатории за биолошко оружје во Украина, отфрлајќи ги тврдењата како „смешни“ и сугерирајќи дека Москва можеби на тој начин поставува основа за употреба на хемиско или биолошко оружје во конфликтот.
Во вторникот вечерта Русија ги повтори обвинувањата изнесени пред неколку години дека САД финансират разработка на биолошки агенси со украински лаборатории. Таквите наводи се појавија во руските медиуми пред воената интервенција на Москва врз Украина, а во средата ги изнесе портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова.
Седницата на Советот за безбедност по прашањето треба да се одржи во претпладневните часови по локално време.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почина затвореник од Идризово
-
Изгорени целосно две куќи во Лисиче, едно лице е повредено
-
Швајцарските глечери се топат со алармантна брзина оваа година
-
Запленета брендирана стока, приведен 30-годишник од Крива Паланка | ФОТО
-
Приведен 22-годишник од Гевгелија, при претрес на неговиот дом најдена е дрога
-
Нови правила за транспарентност за моделите на вештачка интелигенција во ЕУ
-
Судот во Флорида ѝ наложи на Тесла да плати 243 милиони долари отштета за фаталната несреќа со автопилот
-
Трамп вели дека Пауел од ФЕД треба да поднесе оставка