Саздов: Спасовски го партизира МВР
ВМРО-ДПМНЕ денеска побара од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да одговори за вработувањата во Министерството, како и за случајот Едмод Адеми.
- Случајот со Едмонд Адеми е последниот во низата груба партизација на Министерството за внатрешни работи, министерство во кое треба да се вработуваат професионални кадри со строги критериуми, рече на денешната прес-конференција Павле Саздов. Тој го праша генералниот секретар на СДСМ, сега и технички министер во МВР да одговори дали го вработи Едмонд Адеми за да го спроведува, како што рече, крвавото сценарио поддржано и смислено од СДСМ.
Според Саздов, на истиот начин, без конкурс и без ден работно искуство во полиција, вработи партиски послушници и функционери на СДСМ. Ги псосчи ангажирањето на Магдалена Несторовска - претседател на советничката група на општина Карпош, Горан Трајановски кој бил претседател на комисијата за информатика при СДСМ, а Владимир Пивоваров во МВР е донесен од партиската комисија за безбедност при СДСМ....
Оливер Спасовски, истакна Саздов, се уште и должи одговор на јавноста и за ангажирањето на неговиот портпарол Тони Ангеловски. Според сознанијата, како што рече Саздов, Ангеловски е вработен спротивно на законот и го нема потребното искуство од најмалку 7 години за да биде поставен на таа функција, началник.
Посочи и на смената на началници во МВР и поставувањето други блиски до СДСМ и додаде дека јавноста видела дека Спасовски нема да ги почитува времените мерки кои што ги донесе Управнот суд.
- На очиглед на јавноста СДСМ и Оливер Спасовски, преку груба и насилна партизација, со рушење на принципите и системот на ова министерство, се обидуваат МВР да го стават во своја лична и партиска функција за извршување на веќе свои однапред планирани сценарија, а Едмонд Адеми е последниот во низата кој заедно со другите кадри на СДСМ треба да го спроведе ова, истакна Саздов на прес-конференција.
Ново на Сител
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник
-
Бимилк го одбележува светскиот ден на млекото
-
Како Асмир Јахоски доби времен пасош?
-
Мицкоски: Бугарските европратеници сакаат да додадат „сегашен“ македонски индентитет во извештајот на ЕП
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица, но со право да гласа и дијаспората
-
НАТО вежба „Брз одговор“ на Криволак