Свет
1. November 2015 - 18:22

Саудиските власти се согласуваат да го ослободат британскиот пензионер

Властите во Саудиска Арабија се согласиле да го ослободат од затвор, Британецот Карл Андре (74) кој повеќе од една годиа е затворен во затворот во Џеда, пишуваат британските медиуми.

Андре кој 25 години живее во Саудиска Арабија, каде има работено како експерт за нафта, сега е пензионер.

Во август минатата година тој беше уапсен од полицијата, откако во неговиот автомобил било откриено едно шише со домашно произведено вино.

Специјалниот исламски суд кој води грижа за моралната чистота и придржувањето кон исламските норми за живеење, го осуди Андре, кој е дедо на седум внучиња, на затворска казна од три години и камшикување.

Осудувањето на Британецот кој досега нема направено никаков престап, предизвика бурна реакција во британската јавност и притисок врз Владата во Лондон, да помогне за ослободуваето на Андре кој е лекуван од рак.

Тврдењето на медиумите дека саудиските власти ветиле дека тој ќе биде ослободен, доаѓа по изјавата на британскиот министер за надворешни работи, Филип Хамонд, кој престојуваше во Ријад, во обид да се подобрат „оладените“ британско-саудиски односи.

Медиумите тврдат дека Андре ќе биде пуштен во текот на следната недела, но најблиските на Британецот изјавија дека веста ја слушнале од телвизијата и од весниците, но не и од Форин Офисот.

Синот на уапсениот Карл Андре изјави дека во Министерството за надворешни работи во Лондон му потврдиле оти министерот Хамонд бил во Ријад, но не му соопштиле никаков детал околу судбината на неговиот татко.

Претходно Хамонд во Саудиска Арабија изјави дека затворениот Британец ќе биде пуштен од затвор.

Властите во Ријад спроведуваат одредби од строгото шеријатско право, според кое алкохолот е најстрого