Саудискиот крал избра нов престолонаследник
Саудискиот крал Салман го прогласи неговиот син, принцот Мохамед бин Салман за наследник на престолот, на местото на досегашниот престолонаследник, неговиот роднина, принцот Мохамед бин Најеф.
Мохамед бин Салман со ова именување стана и заменик премиер, а ја задржа и функцијата министер за одбрана, како и останатите должности што ги извршуваше и досега.
Иако унапредувањето на Мохамед бил Салман беше очекувано, сепак дојде во неоочекуван момент, кога Саудиска Арабија се соочува со ескалација на односите со Катар и Иран и со големата криза во Јемен.
Мохамед бин Салман досега ги водеше воените интервенции во Јемен, ја диктираше енергетската политика со глобалното влијание и ги креираше плановите за економската иднина на земјата за времето кога повеќе нема да има нафта.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот