-->
-->
Саудиска Арабија ја укинува воената помош за Либан
-->
Саудиска Арабија денеска соопшти дека ја укинува воената помош од три милијарди долари за либанската армија во знак на протест поради непријателските дипломатски ставови на Либан, донесени под влијание на Хезболах.
Со две милијарди долари требаше да биде купено француско оружје, а другите една милијарда долари беше наменета за помош на либанската служба за внатрешна безбедност.
Саудиски официјален претставник наведе дека Ријад почнал целосна преоценка на односите со Либан.
Како причина за тоа се наведуваат односи на Либан со шиитски Иран, кој ја поддржува Хезболах и сирискиот претседател Башар ал Асад.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра