Саша ЈанковиЌ: Косово фактички е независен дел од Србија
Претседателскиот кандидат за изборите во Србија, Саша Јанковиќ, во интервју за ТАСС изјави дека не ја признава независноста на Косово, но смета дека тоа фактички е независно.
- За мене Косово, со неговите специфични особености, е дел од Србија, но фактички тоа е независно. Јас, меѓутоа, се надевам дека ќе се изгради таква Србија од која луѓето нема да сакаат да бегаат. Тоа може да се случи по 10, 20, 40 години, не утре, но јас не сакам Србија да ја лишувам од можноста да си го поврати Косово, изјави Јанковиќ.
Тој, истовремено, изјави дека не е подготвен да војува за Косово, туку смета дека секој чекор што Србија го презема е таму да ја подобрува ситуацијата и да ги спречува конфликтите.
Јанковиќ (46) во текот на последните 10 години беше омбудсман, но поднесе оставка за да може да учествува на претседателските избори како кандидат на граѓанската иницијатива „Србија без страв“.
Според истражувањето на агенцијата „Ипсос“, од 11-те претседателски кандидати најголеми шанси за победа на избори има премиерот Александар Вучиќ, кој уште во првиот круг може да собере над 50 проценти од гласовите, а на второ место е Јанковиќ со 14 проценти.
Ново на Сител
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Скопје - Тетово, ан ГП „Табановце“ се чека половина час
-
ДЗС: Активни четири пожари, под контрола три, 18 изгаснати
-
Трамп: Три нуклеарни локалитети во Иран се уништени, ќе уништиме и нови ако ги изградат
-
Министерот Алиу најави реформа на Мој Термин
-
Шест лица и едно дете пренесени на Клиниката за токсикологија по пожар во стан во Скопје
-
АНБ: Одземени огнено оружје и мобилни уреди при претреси на две локации во Скопје
-
Приведен 36-годишник од Дебар, упатувал закани со нож
-
Полициски службеник физички нападнат од едно лице на Средно Водно