-->
-->
Сари им донесе лаптоп на новинарите за да докажe дека Кејн бил во офсајд
-->

Тренерот на Челзи, Маурицио Сари, смета дека главниот арбитер Мајкл Оливер направил грешка во полуфиналниот натпревар од Лига купот против Тотенхем при користење на системот ВАР.
Италијанскиот стручњак пред новинарите донесе лаптоп со видеоснимка за да докаже дека Тотенхем неправедно добил пенал.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Хари Кејн во 27. минута по досудениот удар од 11 метри.
– Го гледав видеото од нашата камера. Имаше офсајд. Нашата камера беше во иста линија со Кејн. Убаво се гледа дека во офсајд беше со глава и со колено, изјави Сари.
Средбата заврши 1:0 за Тотенхем, а реваншот е на 24 јануари на теренот на Челзи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трендафилов: Утре протест на ССМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари
-

Младите од Црвениот крст во Струмица со мали проекти поттикнуваат хумани дела
-

Мицкоски во Кочани
