Санкционирани се 272 возачи за брзо возење на територија на целата држава
Вчера (02.09.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 272 возачи. Од нив, 24 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа,120 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 152 надвор од населено место.
-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.
Ново на Сител
-
Шанса за нов живот за прилепскиот уметник Златко Крстески по објавената социјална сторија на Сител
-
ЈКП „Водовод“ – Кочани се „дави“ во долгови, а нема ниту директор
-
Преглед на вестите од светот
-
Христијани го празнуваат Велики петок, денот на Христовото распнување
-
Охрид подготвен за туристите за Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
Културните работници ќе останат без плата за Велигден
-
Teма на денот со Јорданчо Ефтимов