Санкционирани 386 непрописно паркирани возила во општина Центар
На територијата на општина Центар во изминатите две недели се санкционирани 386 непрописно паркирани возила. Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 144 возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, а со поставување на механичкото средство „блокатор“ санкционирани се 242 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници.
– Сообраќајната полиција и службата „Пајак“ на ЈП Паркинзи на Општина Центар, во периодот од 01.06. до 18.06.2019 година, санкционираа 144 непрописно паркирани возила, од кои две (2) несовесно паркирани возила се отстранети од паркинг места наменети за лица со посебни потреби и девет (9) возила отстранети од зелени површини, се наведува во денешното соопштение од општина Центар.
Од општината апелираат до граѓаните да ги почитуваат прописите и да ги оставаат возилата на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки.
Ново на Сител
-
Запрена постапката за организаторите на 27 април - Судот утврди дека и за нив важи амнестијата
-
Вешти лица - Илијевска убиствата ги извршила во афект, стравувајќи за сопствениот живот
-
Грчкото МНР му одговори на Мицкоски - Македонското прашање е решено и дефинитивно
-
СДСМ: За хаосот на онкологија целата одговорност е кај власта
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Македонија најчесто се гласа партиски и етнички
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
ДЗСИ бара одговорност кај здравствените работници во Прилеп за смртта на близначињата