Санкционирани 296 возачи за брзо возење во источна Македонија
Возачите и понатаму брзо возат по патиштата во источна Македонија. Последната радар контрола на терен на СВР Штип покажува дека 296 возачи ги управуваат своите возила над пропишаната брзина.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова на денешната прес-конференција рече дека од извршената контрола 169 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 127 надвор од населено место. Санкционирани се вкупно 296 возачи.
Најави дека и во наредните денови ќе продолжат засилените контроли на регионалните и магистрални патни правци во источниот регион.
- Апелираме до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и поставената сообраќајна сигнализација на патиштата, истакна Панајотова.
СВР Штип во јануари има регистрирано две жртви во сообраќајни несреќи, кои се случија на регионалниот пат Штип-Кочани. Минатата година загинаа над 30 лица.
Ново на Сител
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции