Санкционирани 251 возачи во Скопје, 136 за брзо возење
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот при што на територијата на градот изречени се вкупно 251 меркa, меѓу кои 136 за возење повеќе од дозволената брзина.
Како што соопшти МВР, изречени се и 16 мерки за возење без возачка дозвола, 10 за управување возило под дејство на алкохол, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, една санкција за користење мобилен телефон при управување возило и четири мерки за некористење сигурносен појас.
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР.
Ново на Сител
-
Намалена видливост поради магла на Стража
-
Ватикан: Здравствената состојба на папата Франциск е стабилна
-
Во Скопје се одржа трет протестен марш „Кој е следен“
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Шкендија нов лидер вo ПМФЛ
-
Малолетник од Косово удрил двајца пешаци во Скопје, едниот се здобил со тешки телесни повреди - поднесена пријава
-
Meдведев со саркастична порака по суспензија на Синер
-
Напаѓачот кој вчера со нож уби момче во Австрија бил исламист