Македонија
8. December 2020 - 9:52

Санкционирани 221 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера на територијата на град Скопје изречени се вкупно 221 мерки, меѓу кои 28 за возење без возачка дозвола, 20 за нерегистрирани возила, 9 санкции за минување на затворен семафор (црвено светло), 17 мерки за користење на мобилен телефон при управување на возило, 10 за некористење сигурносен појас.

Од МВР посочуваат дека се изречени и 45 мерки за непрописно паркирање, 32 возила се подигнати со „пајак“, 21 санкција за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли, како што велат од МВР, продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.