Санкционирани 182 возачи во Скопје
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 182 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции.
Изречени се и 20 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл,10 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум за нерегистрирани возила, шест за технички неисправни возила во јавниот превоз, пет санкции за користење мобилен телефон…
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
