-->
-->
Санкционирани 179 возачи на територија на државата поради брзо возење
-->
Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територија на државата, при што санкционираше 179 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената. Од нив, три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното.
Седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 75 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 104 надвор од населено место.
Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Ова е пила за бирократијата“ - Маск доби подарок пила за ''кратење на администрацијата'' | ВИДЕО
-
Меџити: Ќе вработиме илјадници Албанци во државна администрација, за да не заминуваат во странство
-
САД прекинаа да испорачуваат оружје за украинската армија, изјави Костенко
-
Утрово насекаде минусни температури, најстудено во Берово -14 степени
-
Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче
-
ДКСК избира заменик претседател, членовите ќе постапуваат и по конкретни предмети
-
Зеленски: Разговорите со американскиот пратеник ја вратија надежта за договор со САД
-
Нетанјаху најави „интензивни операции“ на Западениот брег по нападите во близина на Тел Авив