Македонија
23. December 2021 - 10:30

Санкционирани 167 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 167 возачи.

Како што информираат од МВР, од вкупниот број на изречени санкции, седум возилa се движеле со брзина над 50 километри на час поголема од дозволената. Притоа, 75 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 92 надвор од населено место.

Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.