-->
-->
Санкционирани 130 возачи кои возеле пребрзо за време на викендот во Скопје
-->

Според информациите од СВР Скопје, за време на викендот се случиле вкупно 31 сообраќајна незгода.
Откриени се поголем број прекршоци и санкционирани се 130 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, 21 возеле под дејство на алкохол, 30 пред да се стекнат со правото на управување моторно возило и шест почетници. Од сообраќај се исклучени и три технички неисправни и 32 нерегистрирани возила.
Сообраќајната полиција издала 127 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ отстранети се 84 возила.
Полицијата санкционирала и пет пешаци кои поминале коловоз подалеку од пешачки премин, 13 возачи кои поминале крстосница на црвено светло, двајца возачи кои не дале првенство на минување и седум возачи за неправилно престројување
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас
-
Приведени шест возачи за управување со возило под дејство на алкохол
-
Приведен 29-годишник од Неготино, поднесени кривични пријави и одредена мерка притвор
-
Приведени две лица, пронајдени дрога, дигитална вага и пари | ФОТО
-
Николоски најави поддршка од два милиона евра за дополнителни проекти во општина Кичево
-
Трендафилов од Штип: Минималната плата мора веднаш да се зголеми
-
Државјани на Египет и Албанија нелегално влегле во Македонија
-
Израелската армија ги предупреди жителите на Газа да не се враќаат во градот