Македонија
31. March 2025 - 16:58

Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците

На 31.03.2025 полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа и извршија службен разговор со Л.М. од Скопје, затоа што со патничко возило "ауди" со скопски регистарски таблички на 28.03.2025 се движел по тротоар и по зелена површина на бул. "Гоце Делчев" на Бит Пазар во Скопје и со тоа ја загрозил безбедноста на пешаците. Снимка од настанот беше споделена и на социјалните мрежи. Против Л.М. се поднесени соодветни поднесоци.