Македонија
26. December 2020 - 11:41

Санкции за сопственици на локали во Карпош и Аеродром, работеле по дозволеното време

На 25.12.2020 во 18.55 часот на подрачје на Аеродором при извршена контрола на угостителски објект од полициски службеници на СВР Скопје во содејство со  Државниот пазарен инспекторат, утврдено е дека објектот работи по дозволеното време и во него имало шест гости, при што околу 19.00 часот се лишени од слобода Б.Т.(60) и И.Д.(34) двајцата од Скопје, бидејќи истите не ги почитувале наредбите на полициските службеници да го напуштат објектот. Приведена е и Л.М. (55), одговорно лице во објектот. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 25.12.2020 во времето од 18.00 до 22.00 часот на подрачје на Карпош при извршена контрола на угостителски објект од полициски службеници на СВР Скопје во содејство со Државниот пазарен инспекторат, констатирано е дека угостителскиот објект во сопственост на И.Ч.(26) од Скопје работи по дозволеното време и во него имало гости. Објектот е времено затворен, а по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 25/12/2020 година во временскиот период од 16:00 до 23:00 часот на подрачјето на СВР Скопје во соработка со ДПИ извршени се контроли во 270 угостителски објекти.