Санирани последиците од поплавата во Ист гејт мол
– Водата која надојде од булеварот „Александар Македонски“ во гаражниот дел од Ист гејт мол е исцрпена. Целиот простор е саниран и се спроведени неопходните активности тој да биде функционален и безбеден, соопшти денеска прес-службата на овој трговски центар.
Оттаму наведуваат дека приземјето и повисоките катови од молот воопшто не беа засегнати од поплавата, а погодените нивоа од поплавата – минус два и минус еден во молот, се подготвени да ги пречекаат посетителите.
-Просторот се чисти, дезинфицира и се враќа во функција, и граѓаните може да бидат сигурни во својата безбедност. Отворите за канализација на булеварот „Александар Македонски“ се отпушени, а од страна на техничките служби во молот преземени дополнителни превентивни и безбедносни мерки за спречување на случаи од овој тип во иднина. Центарот е подготвен за своите посетители, а отворањето ќе биде објавено на социјалните мрежи.
Ново на Сител
-
Почнува судењето на францускиот хирург обвинет за силување на стотици деца под анестезија
-
Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
-
Намален бројот на работници во индустријата
-
Историски максимум на цената на кафето арабика на берзите
-
МОН: Јаневска на самит во Будимпешта, ќе се продлабочува соработката помеѓу Западен Балкан и Унгарија
-
Георгиев: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев
-
Околу 600 вработени во централата на УСАИД во Вашингтон добија забрана за влез во Агенцијата откако Маск најави нејзино затворање
-
Во средните училишта се спроведува проект за популаризација на воената професија