Сандра Булок за животот по 60. роденден
Сандра Булок се вклучи со видеопорака во емисијата на својата врсник Хода Котб, проговори за преминувањето на прагот на 60-та година од животот.
- Имав толку многу брилијантни и смешни нешта подготвени за тебе за оваа порака коишто, просто, требаше „да ве покосат“... Но, знаеш, девојко, јас сум едноставно премногу уморна, се пошегува на почетокот Булок која наполни 60 години на 26 јули годинава.
Таа потоа раскажува како морала „да се искачи на таа планина“, за пореално да го погледне теренот за да види каде би е вклопила и самата таа, но и нејзината соговорничка, која исто така влегла во седмото десетлетие од својот живот.
- И чудно е, затоа што, изгледа, ние луѓето сакаме да се плашиме од тоа кога мислиме како ќе стигнеме таму. А, тоа е прилично прекрасно. Како заработувате за живот и како треба да се прилагодувате на секој ден, како се справувате со вашата човечност, па дури и кога од другата трана не доаѓа такво нешто... Какви сте со оние за кои се грижите и како ги чувате безбедни, и кои сте вие како човечко суштество? Сите се прилично среќни што те имаат, особено твоите деца, изјави Булок.
Таа го заврши видеото со лична порака за Котб.
- Среќен роденден моја слатка пријателке. Ти благодарам што ми дозволи да бидам во твојот круг (на пријатели, з.п.). Се чувствувам многу благодарна. И убаво е што твојот праг е овде горе (висок, з.п.), за да може да се гледаме една со друга. Прекрасно е, и ми требаш тука горе. Среќен роденден!, истакна глумицата.
Булок го прослави својот 60. роденден во јули, една година откако нејзиниот партнер Брајан Рандал почина на 57 години. Според западните медиуми таа болно ја доживеала таа загуба, но добро се справува со сѐ тоа.
Ново на Сител
-
Четворица планинари загинаа во несреќи на италијанските Алпи
-
Сочувство од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан до Патријархот Српски г.г. Порфириј за настраданите во Нови Сад
-
Почина Оливера Николова - авторката на Зоки Поки
-
Санкционирани 144 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар
-
Почина Квинси Џонс
-
Човечки скелет без глава е пронајден во шума во БиХ
-
По поразот од Пелистер, Захариевски повеќе не е тренер на ФК Вардар
-
ЦУК: Четиринаесет пожари на отворено, 1 989 повици на 112 во последното деноноќие