Џет-Сет
12. September 2016 - 14:15

Сандра Булок: Сакам да бидам мајка, но од своите бучни деца ќе оглувам

Актерката Сандара Булок (52) е горда мајка на синот Луис (шест) и ќерката Лил (четири) кои ги посвои. Сандра обожува да биде мајка и да си игра со децата.

- Родителството е убаво чувство, но дефинитивно не е тихо. Мислам дека моите деца се најбучни во светот, од тогаш веќе и послабо слушам, вели Булок и додава дека други проблеми со нив нема.

Моментоти на мир и тишина актерката има дури кога Луис и Лил одат на спиење.

Таа веќе една година е во врска со фотографот Брајан Рандал (50). Двојката живее заедно, а децата на актерката одлично се согласуваат со нејзиното момче.