„Сандеј Тајмс“: Брегзит можеби кон крајот на 2019.
Излегувањето на Велика Британија од Европската унија би можело да биде реализирано дури кон крајот на 2019 година, пред се поради тоа што подготовката на тој чекор е голема задача на британската државна администрација, а почетокот на преговорите за Брегзит би можел да биде одложен за период по изборите во Франција и Германија, пишува денеска британскиот весник „Сандеј Тајмс“.
Владата на британската премиерка Тереза Меј најави дека планира да го активира членот 50 од Лисабонскиот договор, со кој официјално се покренува излегување од ЕУ, на почетокот на следната година, по што би почнал двегодишниот процес на преговори со официјален Брисел за условите за раздружување.
„Сандеј тајмс“ меѓутоа наведува дека некои британски министри ги предупредиле лидерите на финансискиот сектор дека членот 50 би можел да биде активиран дури кон крајот на 2017 година, што значи дека Британија би можела да излезе од ЕУ дури кон крајот на 2019 година.
- Некои министри сега сметаат дека активирањето на членот 50 може да биде одложено за есента 2017 година, откри извор од лондонскиот Сити, кој за тоа разговарал со двајца министри од британската Влада.
- Тие немаат инфраструктура за луѓето, кои треба да ги ангажираат. Тие дури велат дека не знаат кои прашања треба да ги прашаат кога конечно ќе почнат да преговараат со Европа, наведува изворот.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи