-->
-->
Санчез најмлад стрелец во историјата на ЕП
-->
Ренато Санчес, 18-годишниот португалски репрезентативец, во четвртокот, стана најмладиот стрелец во нокаут фазата на европските првенства. Тинејџерот, кој од наредната сезона ќе игра во минхенски Баерн, постигна гол во 33. минута за 1-1, а беше и еден од петтемина Португалци кои погодија во пенал серијата, која им донесе пласман во полуфиналето.
„Тренерот на праша кој сака да шутира. Роналдо се јави прв, јас реков дека ќе го изведам вториот пенал. Бев полн со самодоверба. Одбрав страна и ја заковав топката во мрежата. Така се пишува CV“, рекол Санчез.
Ренато Санчез бил скаутиран од Бенфика на деветгодишна возраст, додека тренирал во локалниот клуб Агуиас де Мусгере. Бенфика за неговите услуги на локалниот клуб му платила 750 евра и подарила уште 25 фудбалски топки!
Девет години подоцна Бенфика реши да ја прифати понудата на Баерн од 35 милиони евра. Инаку, според клаузулите во договорот, а во зависност од неговите лични достигнувања, трансферот може да изнесува и 80 милиони евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово
-
Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга