Санчез доби поддршка од каталонските сепаратисти за формирање на влада
Шпанскиот премиер Педро Санчез најверојатно ќе добие доволна поддршка во Парламентот за формирање на левичарска коалициска влада откако вчера Каталонската републиканска левица (ЕРЦ), партија која заговара отцепување на Каталонија од Шпанија, соопшти дека ќе ја поддржи владата.
Шпанската социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) на премиерот Санчез освои најголем број гласови на парламентарните избори во ноември, но не доволно за самостојно да формира влада.
ПСОЕ доби 120 пратеници од вкупно 350 места, а за формирање на влада потребни се 176 мандати. Санчез потоа договори коалициска влада со левичарската Унидас Подемос, но се уште немаше потребен број пратеници.
Санчез, кој е против референдум за независност на Каталонија повикувајќи се на шпанскиот Устав, последните недели водеше преговори со ЕРЦ.
ЕРЦ вчера одржа интерно гласање и одлучи да се воздржи од гласање за влада, со што му овозможи на Санчез да формира влада.
Не се познати деталите од договорот помеѓу ПСОЕ и ЕРЦ.
Шпанската десница го обвини Санчез за предавство откако склучи договор со најголемата партија која заговара отцепување на Каталонија, покраина со 7,5 милиони жители.
Лидерот на ЕРЦ, Ориол Жункерас, поранеше потпретседател на каталонската влада е во затвор откако во октомври беше осуден на 13 години затвор поради организирање на референдум за независност на Каталонија, што беше забрането од Уставниот суд на Шпанија.
Тој подоцна учествуваше во прогласување на република Каталонија, која не заживеа во реалноста.
Ново на Сител
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри
-
Коцевски: Ако јас имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април
-
Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-
СДСМ бара власта да ги прифати нивните мерки
-
Коцевски: Ако имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Новите камери на Сејф сити ќе регистрираат прекршоци од 1 јануари следната година
-
Се замрзнува цената на дел од основните производи