Свет
21. јуни 2021 - 13:53

Санчез: Деветмина каталонски сепаратисти ќе бидат помилувани

 Владата на Шпанија утре ќе помилува деветмина затворени каталонски сепаратисти кои се обвинети за неуспешниот референдум за отцепување на Каталонија во 2017 година, изјави денеска премиерот Педро Санчез.

– Утре, водејќи се од уставниот дух на простување, ќе предложам кабинетот да го одобри помилувањето, истакна Санчез за време на говорот во Барселона.

На девет сепаратистички лидери им беа изречени долги затворски казни поради бунт и други дела поврзани со забранетиот референдум за отцепување и за прогласување независност, неколку дена подоцна врз основа на резултатите од гласањето.

Ниту еден влијателен приврзаник за независност не присуствуваше на говорот на Санчез во Куќата на операта во Барселона.