Санадер правосилно осуден на 4,5 години затвор

Врховниот суд во Загреб денеска правосилно го осуди некогашниот премиер и претседател на Хрватска демократска заедница (ХДЗ), Иво Санадер на 4,5 години затвор поради кривично дело примање и давање мито во случајот „Планинска“.
Санадер е осуден поради 17 милиони куни (околу 2.288.386 евра) што ги барал и примил од Стјепан Фиолиќ, чија фирма ја продаде зградата на Министерството за регионален развој во загребската „Планинска улица“.
На една година условно е осуден Младен Млинаревиќ, чија фирма ја зголемила вредноста на зградата, како и Фиолиќ, кој ја призна вината.
Заменичката на главното државно обвинителство Тамара Лаптош рече дека е поднесена жалба за Санадер и Млинаревиќ.
– Сметаме дека во овој случај се работи за еден од најтешките облици на политичка корупција и дека изречените казни се преблаги – рече Млинаревиќ.
Адвокатот на Санадер, Чедо Продановиќ рече дека жалбата е долга и ќе ја поднесе утре:
– Еден дел се однесува на суштествени процедурални прекршувања, бидејќи судијата не спроведе усогласување на повеќе вештачки наоди кои беа контрадикторни.
Ново на Сител
-

Според најновиот индекс македонскиот пасош е подобро рангиран од Албанија, БиХ и Турција
-

Путин: Меѓународната ситуација се влошува, светот станува сè поопасен
-

Општина Кавадарци повика заинтересираните да се пријават за Водици
-

Авион на „Туркиш ерлајнс“ принудно слета во Барселона поради закана со бомба на патник
-

ЕУ воспостави нов механизам за ограничување на цената на руската нафта
-

Лабрадор вклучен во терапевтскиот процес на Клиниката за психијатрија
-

Бруно Фернандеш нема да го напушти Манчестер јунајтед во јануари
-

Полска со порака до Трамп за Гренланд: Нападот на сојузниците би бил крај на светот каков што го знаеме
