Санација на покривот на ОУ „Гоце Делчев" во Гостивар, решението привремено
На иницијатива на локалната самоуправа и училишниот одбор, денеска почна санација на покривот на Основното училиште „Гоце Делчев" во Гостивар. Од Општината појаснуваат дека решението е привремено за да се спречат поголеми штети на објектот.
- Санирањето на покривот ќе го реализираат без надоместок фирмите „Професионал Бау“ и „Леарт Проект“. Јужната страна на училишната зграда ќе биде покриена со водоотпорен материјал и ќе штити од снег, дожд и ветер, наведуваат од службата за информирање на Општина Гостивар
Покрај јужната страна, со површина на над илјада квадратни метри, со санацијата ќе бидат опфатени и оштетени делови на покривот на други делови на објектот.
Од локалната самоуправа очекуваат покривањето да заврши до крајот на неделата, а наставата да се одвива без проблеми. За трајно решавање на проблемот со покривот во ова училиште од пролет ќе се распише тендер и за време на летниот одмор ќе се изведат работите за изградба на нов покрив.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-
Средба Мицкоски - Таравари ќе има, Ахмети не разговарал со Алијанса за општини
-
Фетаи со честитка за „Слободна зона Карадак„ - Избриша видео со знаме на голема Албанија
-
Мерките завршија, граѓаните стравуваат од нагло поскапување во маркетите
-
Јавниот долг на најниско ниво во последните 5 години
-
Македонија падна за шест места на Индексот за слобода на медиумите
-
Протест на вработените во Зоолошка градина - Тврдат дека немаат земено плата за март, останале и без здравствено осигурување
-
Преглед на вестите од светот